Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) ја поздравува искажаната политичка волја со која се прифати и имплементира решението на РКЕ за намалува данокот на додадена вредност на електрична енергија за домаќинствата, се огласија од оваа институција по усвојувањето на измените и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност, даночната стапка за прометот на електричната енергија кон домаќинствата да се намали од 18 на пет проценти.
„РКЕ ќе продолжи да креира иницијативи кои треба низ соодветен институционален пат да донесат решенија за заштита на животниот стандард кога се во прашање потрошувачите, што практично се покажа и со денешното носење на законските измени кои потекнаа од нашата иницијатива што ја покренавме пред една година, со кои се намалува ДДВ-то за електрична енергија за домаќинствата. Апелирам сега фокусот да се насочи кон проширување на опфатот на ранливи категории – кои треба да бидат сет на прецизно идентификувани категории на домаќинства на кои им е потребна парична помош со која ќе се намалат сметките за електрична енергија: како што се пензионерите кои се во категоријата на најниски пензии“, изјави Марко Бислимоски претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.