Реконструкција на пешачката патека на булеварот „Гоце Делчев“

пред 2 години

Екипите на ЈП „Улици и патишта“, деновиве ја реконструираат пешачката патека на булеварот „Гоце Делчев“ пред катната гаража „Судска палата“, информираат од Град Скопје.

„Пешачката патека се реконструира во должина од 300 метри и широчина од 4 метри. На вкупна површина од 1.200 квадратни метри се отстрануваат старите и оштетени плочки, а потоа овој потег ќе биде целосно асфалтиран“, се наведува во соопштението на градските власти.

Во него се додавадека изградбата на нови велосипедски и пешачки патеки и обновување на постоечките патеки во Скопје е еден од приоритетите на градската администрација.

Share
Scroll to Top