Рекордна продажба на мемоарите на Барак Обама

пред 4 години

Во првите 24 часа од продажбата, мемоарите на поранешниот американски претседател Барак Обама „Ветена земја“ беа продадени во речиси 890.000 примероци во САД и Канада.

Оваа книга, чија цена е 45 долари, е на пат да стане најпродаваната книга во категоријата претседателски мемоари во поновата историја.

Продажбата вклучува нарачки однапред, електронски и аудио книги.

„Воодушевени сме од првиот ден на продажбата“, рече Дејвид Дрејк од издавачката куќа „Пингвин“.

Книгата на сопругата на Обама, Мишел, „Becoming“, се продаде во 725.000 примероци во Северна Америка првиот ден, a за две години достигна тираж од 10 милиони ширум светот, наведува АП.

Заради споредба, книгата „Мојот живот“ на Бил Клинтон се продаде првиот ден во тираж од околу 400.000, а „Точки на одлука“ на Џорџ Буш во тираж од 220.000.

Share
Scroll to Top