Рекордни 84 пациенти се хоспитализирани вчера во ковид-центрите во Скопје

пред 4 години

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани рекордни 87 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 686 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 45 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 20 примени пациенти и 11 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 68 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 316 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 142 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 11 болни.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1720 и има околу 240 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1034 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 99 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 82 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 52 пациенти, во Велес се лекуваат 89 болни, а во Куманово 173 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 127 во ковид центарот во Гостивар 42, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 87 пациенти, во Кочани 36 во Кичево 23, Кавадарци 79, а во Гевгелија 21 лице позитивно и суспектно на корона вирусот.

 

Share
Scroll to Top