Две противпожарни возила и дваесет пожарникари и вработени во Службата за техничка сигурност при РЕК Битола активно се вкучија во гаснењето на пожарот во фабриката Жито Битола. Едно противпожарно возило на РЕК Битола со тројца пожарникари дежураа во текот на ноќта, заедно со колеги од противпожарната единица од Битола и будно ја следеа состојбата во опожарениот објект. Противпожарната служба на РЕК Битола останува на располагање за било каква интервенција, доколку има потреба од тоа.
„ РЕК Битола како општествено одговорна компанија во многу наврати учествува во различни акции за заштита на општественото добро. Противпожарната служба на комбинатот беше вклучена во гаснењето на пожарите што ја зафатија земјата минатото лето, а претходно и во гаснењето на депонијата Мегленци во близина на РЕК Битола.
Согледувајќи ја важноста на противпожарната служба за комбинатот, како и за градот и државата, Синдикатот на РЕК Битола, каде членуваат пожарникарите од РЕК Битола, и менаџментот на комбинатот договорија осовременување на опремата што ја користат пожарникарите при интервенциите, како и на униформите што ги носат вработените во службата.
Во фаза на потпишување се договорите за набавка на униформи за пожарникарите, на противпожарни одела, ракаваци и чизми во вкупна вредност од над четири милиони денари, односно околу 70.000 евра. Новата опрема ќе ја зголеми безбедноста на пожарникарите, а ќе ја зголеми и ефикасноста при интервенциите“ соопштија од компанијата.