Реномирани и млади уметници донираа 30 уметнички дела на Клиниката за гастроентерохепатологија

Реномирани и млади уметници донираа 30 уметнички дела на Клиниката за гастроентерохепатологија

пред 4 часа

Во Амфитеатарот на Интерните клиники денеска се одржа свечен настан по повод примопредавањето на донираните уметнички дела на Клиниката за гастроентерохепатологија, како и доделувањето благодарници на уметниците донатори.

Станува збор за околу 30 уметнички дела, донирани од реномирани и млади уметници, кои со својата хуманост и креативност придонесоа за разубавување на болничкиот простор и создавање попријатен и поинспиративен амбиент за пациентите и медицинскиот персонал.

„Овој настан претставува значаен пример за општествена одговорност и солидарност, каде уметноста ја добива својата хумана димензија, придонесувајќи кон подобрување на секојдневието во здравствените установи. Со доделување на благодарници, Клиниката изрази искрена признателност до сите уметници кои несебично ги донираа своите дела“, се наведува во соопштението.

Дел од уметниците кои донираа се: Данчо Ордев, Гоце Божурски, Игор Мишев, Томе Мишев, Дејан Иванов Маргуш, Стефан Хаџи-Николов, Боро Арсовски, Марјан Стојаноски, м-р Емилија Тоциновска, д-р Стојче Тоциновски, Горан Боев, Павле Кузманоски, Невзат Кица, Решат Амети, Владимир Темков, Бурхан Ахмети, Здружението за уметност и култура „СИЛИНДАРТ“ од Гостивар, Акиме Насуфи Реџепи, Дренуша Пашоли, Ванеса Ода, Лида Шарафатманд, Владимир Лазоски, Тасим Кадрија, Ардиан Кадрија, Имран Зимери, Џоко Антониев и Дејан Божиновски Коска.

Организаторот на настанот, Сабри Азири, изрази благодарност до сите учесници и поддржувачи, потенцирајќи дека ваквите иницијативи се од особено значење за унапредување на хуманоста и заедништвото во општеството.

Текстот Реномирани и млади уметници донираа 30 уметнички дела на Клиниката за гастроентерохепатологија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top