Решенија за трајно вработување добија 27 наставници во Ѓорче Петров

Решенија за трајно вработување добија 27 наставници во Ѓорче Петров

пред 11 часа

Во Општина Ѓорче Петров денес беа доделени 27 решенија за трансформација на работниот однос на наставници од сите шест основни училишта.

Од општината информираа дека по седум години, овие наставници конечно добија неопределено работно време, што претставува значаен чекор кон обезбедување стабилност и сигурност во наставниот кадар.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, истакна дека ова е значаен момент за наставниците, но и за целиот образовен систем во општината.

„Наставниците се темелот на образованието, нивната посветеност и труд заслужуваат почит и сигурност. Со оваа одлука овозможуваме стабилност и ги подобруваме условите за работа, што директно влијае на квалитетот на наставата. Општина Ѓорче Петров останува посветена на континуирани вложувања во образованието, бидејќи инвестициите во наставниците се инвестиции во иднината.“ – изјави Стојкоски.

Градоначалникот додаде дека општината активно работи на подобрување на инфраструктурните услови во училиштата, со тековни проекти за реконструкција на училишни објекти и создавање подобри услови за учениците и наставниците.

Општина Ѓорче Петров уште еднаш докажува дека вложувањето во образованието и поддршката на наставниците не се само ветувања, туку конкретни чекори кои носат вистински промени.

Текстот Решенија за трајно вработување добија 27 наставници во Ѓорче Петров е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top