Решени 1.077 барања од граѓани преку адресата [email protected]

пред 2 години

На електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] досега се пристигнати 1.273 барања, од кои решени се дури 1.077 проблеми, соопшти Град Скопје.

Во текот на изминатата недела најголемиот број граѓани на овој мејл пријавувале и барале да се исчистат диви депонии, да се постават заштитни столпчиња на јавните површини и тротоарите за да се спречи непрописното паркирање, како проблеми со улични кучиња.

На електронската адреса [email protected] граѓаните можат да пријавуваат проблеми од областа на урбаното живеење, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.

„ Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши сите проблеми кои ги имаат“ наведуваат од градот.

Share
Scroll to Top