Родителите на невакцинираните деца нека се организираат за чување, не би требало да ги праќаат во градинка, вели Демири

Родителите на невакцинираните деца нека се организираат за чување, не би требало да ги праќаат во градинка, вели Демири

пред 9 месеци

Моментно на државно ниво има регистрирано 34 заболени од пертусис, објави новиот министер за здравство, Илир Демири.

Тој упати порака до родителите со мали деца дека најголемо достигнување во здравствениот систем е вакцинацијата.

„Децата треба да се вакцинираат, па да се вратат во градинка. Ако не се вакцинирани, треба да ги прашате родителите како ќе го организираат чувањето на детето“, рече министерот одговарајќи на новинарски прашања.

Центарот за јавно здравје – Скопје прогласи епидемија на голема кашлица поради пораст на бројот на случаи.

Александар Петличковски, претседателот на Комисијата за заразни болести, минатата недела препорача забрана за прием на невакцинирани деца против пертусис во градинките и апелира сите што ја пропуштиле вакцинацијата со редовниот календар – да се вакцинираат.

Текстот Родителите на невакцинираните деца нека се организираат за чување, не би требало да ги праќаат во градинка, вели Демири е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top