Русија подготвена да презема лица со незаконски престој во Македонија

пред 3 години

Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа средба помеѓу ресорниот министер Оливер Спасовски и рускиот амбасадор Сергеј Александрович Баздникин.

Како што информираат од МВР, на средбата се разговарало за унапредување на билатералната соработка помеѓу двете земји, како и за подготвеноста од руска страна за потпишување на Договор за преземање на лица со незаконски престој, што во иднина би претставувало законска рамка за борбата против илегалната миграција.

Share
Scroll to Top