Американскиот Стејт департмент ги стави на црна листа поранешниот премиер Никола Груевски и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, заедно со семејствата.
Како што се наведува, тие се црната листа поради корупција, односно нивните дела го поткопуваат владеењето на правото, демократските институции, јавните процеси и јавната доверба во владата.
„Постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и зема мито во замена за владини договори, присвојувал државни средства и се мешал во избворните процеси за да има политичка корист за себе и за неговата партија“, се наведува во одлуката.
Стејт департментот наведе дека Мијалков го злоупотребил овластувањето на функцијата за да бара поткуп за склучување владини договори, а се мешал и во изборните процеси за своја и политичка корист на партијата.