САД ѝ честита на Македонија за пристигнувањето на 24.000 дози од вакцината од „Астра зенека“

пред 3 години

САД ѝ честита на Македонија за пристигнувањето на 24.000 дози од вакцината од „Астра зенека“.

Оваа пратка, велат од УСАИД, е прва од неколкуте во наредните недели и e овозможена од Владата на Северна Македонија која, како што се наведува во соопштението, ја покажува посветеноста за здравјето на своите граѓани преку искористување на Ковакс системот за рамномерна распределба на вакцините за Ковид-19.

„Задоволна сум дека овие вакцини, овие дози на надеж, финансирани од вашата влада, пристигнаа преку Ковакс денес“, рече амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз.

„На сите земји им треба пристап до вакцините за да се запре пандемијата. Брзото ширење на Ковид-19 покажа дека ниту една нација не може да дејствува сама против овој глобален предизвик”, додаде таа.

Share
Scroll to Top