СДСМ: Антинародната ВМРО-ДПМНЕ бега од избори а бара широка Влада

пред 3 години

СДСМ се огласи со реакција по изјавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој ги обвини Заев, Филипче и Димитров дека се виновни за економската ситуација, надворешно политичката ситуација, блокадата од ЕУ и здравствената криза
во земјата.

Од СДСМ велат дека со своите постапки, ВМРО-ДПМНЕ предводени од, како што го нарекуваат, губитникот Христијан Мицкоски, веќе никој не може да ги сфати за сериозни.

„ Нивните обиди за театралност не можат да ја надоместат празнотијата во која е западната опозициската партија. ВМРО-ДПМНЕ е единствената опозиција во светот што бара оставки а бега од избори, затоа што има уплав од соочување со граѓаните.

Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ изгубија парламентарни, локални, претседателски избори, бојкотираа референдум, сега бегаат од локални избори во Штип и згора на се бараат широка Влада. Без никаков легитимитет, без мандат од граѓаните, бараат да бидат дал од власта.

А во меѓувреме ја саботираат борбата на здравствените власти со “Ковид-19”, ја саботираат дипломатската стратегија за преговори со ЕУ, ја саботираат економската стратегија за справување со последиците од пандемијата и постојано се на погрешната страна!

Секојдневно се докажува дека ВМРО-ДПМНЕ е антинародна, антидржавна партија. Партија која ја злоупотребува смртта и тагата на граѓаните за партиски интереси, за да го штити криминалот на своите функционери . Со такво однесување уште долго остануваат во опозиција“ се вели во партиското соопштение.

Share
Scroll to Top