СДСМ: Арсовска да си ја совлада ароганцијата и да ги продолжи проектите за доброто на Скопје

пред 2 години

Данела Арсовска треба да си ја совлада суетата и ароганцијата и да ги продолжи проектите што ги започна Петре Шилегов, а кои обезбедуваат развој на Град Скопје, велат од СДСМ и порачуваат дека мостовите се важни за градот, а БРТ транспортот е важен за скопјани.

„Граѓаните на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ им дадоа доверба и одговорност да ги решаваат проблемите, а не да поништуваат и стопираат капитални и важни проекти. Да се биде градоначалник на Скопје значи дека треба да се работи за граѓаните, а не да се поништуваат огласи за пожарникари, разрешуваат директори и стопираат проекти“, се наведува во партиската реакција, во која се додава дека нема оправдување за несериозното и неодговорно однесување на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top