Данела Арсовска продолжува да измислува скандали и афери во обид да ја сокрие сопствената неспособност и неработење, велат од СДСМ како реакција на обвинувањата од Град Скопје дека поранешното раководство платило сума од над 75.000 евра за изработка на официјален веб портал на градот кој никогаш не профункционирал во целост.
„Очигледно е дека веб страницата на Град Скопје функционира: https://skopje.gov.mk/. Тоа што проектот се реализира во фази не е кривично дело, напротив“, посочуваат од СДСМ и додаваат дека секогаш кога Арсовска ќе биде фатена во лага, таа преку институцијата со која раководи поднесува, како што велат, неосновани кривични пријави и измислува афери.