СДСМ: Арсовска лаже дека ги исчистила депониите и дека нешто работи

пред 2 години

Данела Арсовска во својот отчет излажа дека во првите 82 од мандатот ги исчистила сите депонии на територија на Град Скопје, обвинуваат од СДСМ.

Од пратијата приложуваат фотографии од кои, како што велат, може да се види дека дивата депонија во општина Карпош е една од многуте диви депонии кои се неисчистени.

„Арсовска ја лаже јавноста дека нешто работи. Идентично е и во секоја друга скопска општина, депониите не само што не се чистат туку секојдневно никнуваат и нови. За 82 дена од мандатот единствено што Арсовска успеа да направи е да постави мобилни тоалети, да нивелира шахти и да ја партизира градската администрација“, се наведува во партиската реакција, во која се додава дека јасно е оти Арсовска е најнеуспешната градоначалничка на Град Скопје.

Share
Scroll to Top