СДСМ: Арсовска ниту довршува наследени проекти, како изградбата на „Есенинова“ ниту реализира свои

пред 3 години

Данела Арсовска потроши три месеци од мандатот без да реализира свои проекти, но и наследени проекти кои се во поодмината фаза. Еден од нив е улицата „Есенинова“ проект започнат од претходниот градоначалник, а сега заборавен од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат од владејачката СДСМ.

„ Овој проект е исклучително важен за граѓаните на општините Кисела Вода, Аеродром и Центар затоа што со оваа сообраќајна траса се поврзуваат булеварите „Борис Трајковски„ и „Трета Македонска Бригада“. Изградбата на оваа улица ќе го намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот, но и ќе го намали времето за патување меѓу овие две општини.

За жал, како се што е од интерес на граѓаните и оваа улица не ја интересира градоначалничката Арсовска. Оваа изградба требаше одамна да биде завршена, како и другите реконструкции на важни улици започнати од претходниот градоначалник. Но, Арсовска наместо да довршува наследени проекти и да реализира свои, се посветува само на нивелирање шахти и партизација на администрацијата.

Арсовска и сите други градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ знаат да работат само на штета на граѓаните и за лични и партиски интереси“ се наведува во соопштението на СДСМ.

Share
Scroll to Top