СДСМ: Арсовска со лаги го правда своето неработење

пред 2 години

Данела Арсовска веќе не знае како да се брани заради својата неспособност и започнува со целосни лаги да го правда своето неработење, велат од СДСМ, како реакција на изјавата на скопската градоначалничка, според која, грешки во проектната документација за Универзалната сала, прифатена од претходното раководство на Град Скопје, е причина за намалениот интензитет на градежните активности.

„Проектот е професионално сработен и одобрен низ повеќе постапки од стручни лица и целосно е безбеден.

Самиот проект уште на почетокот е пратен на мислење на Градежен факултет од каде е одобрен и тоа одобрување Град Скопје го има.

Понатаму, Пратен и одобрен и од Институтот за сеизмолошки истражувања со што се потврдува неговата безбедност и стабилност за градба. Надзорот на изградбата ги има исто така одобрено сите градежни зафати. Не постои ниедна постапка или процедура за изградба на Универзална сала која не е запазена во целост.

Записници за технички решенија во тек на градба не се и не може ‘градежен безбедносен проблем’ да бидат оправдување за неспособноста на Арсовска“, велат од СДСМ од каде јавно прашуваат која е вистинската зад стопирање на проектот?

Share
Scroll to Top