СДСМ: Владата со нови мерки го штити стандардот на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ само подгрева паника

пред 2 години

Владата предводена од СДСМ во континуитет се грижи за заштита и унапредување на економскиот стандард на сите категории граѓани. Во таа насока е и подготовката на нов пакет мерки за надминување на состојбата со економијата, со цел спречување на поголем ценовен шок на основните прехранбени производи и енергенсите, се вели во соопштението од СДСМ.

Новите, таргетирани мерки, ќе го зачуваат стандардот на граѓаните паралелно со растот на минималната плата од 18.000 денари, како и постигнатиот договор за историски раст на пензиите.

Додека Владата изнаоѓа начини за справување со глобалната криза, ВМРО-ДПМНЕ единственото што прави е ширење дезинформации и подгревавање паника кај граѓаните.

СДСМ како одговорна партија, продолжува со реализација на мерки и политики за заштита на стандардот на граѓаните, особено на најранливите категории кои остануваат наш врвен приоритет, се вели во соопштението.

Share
Scroll to Top