ЦУК: Во пожар најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице во Општина Аеродром

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

пред 1 месец

СДСМ поднесе амандман за зголемување на основната плата на пожарникарите, која треба да изнесува минимум две просечни плати. Овој амандман е во прилог на предлог законот за пожарникарство којшто е изработен во време на претходната влада, но сè уште седи заглавен во ресорното министерство, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на комисијата за финансирање на буџет.

– Согласно со постојниот систем, пожарникарите се под надлежност на општините кои се 90 посто под капата на ДПМНЕ и затоа незадоволството постојано се зголемува. Но, да не правиме политикантство, СДСМ подава рака ова прашање да го решиме системски и заеднички, бидејќи тоа е целта на амандманот. Оваа целна група на професионалци го заслужуваат зголемувањето на платите, рече Лукаревска.

Таа потенцираше дека противпожарните единици во Македонија се финансираат преку државниот буџет како и преку буџетите на локалните самоуправи, а состојбата на пожарникарите е комплексна и полна со предизвици во однос на нивната опрема, обуката, финансиските ресурси.

– Овие луѓе секојдневно го ризикуваат својот живот за да ги заштитат нашите домови, животната средина и не смееме да дозволиме да се оставени на маргините“, рече Лукаревска.

По поднесувањето на овој амандман, за жал, заменик министерот за финансии и пратениците на власта го одбија амандманот за зголемување на платите на пожарникарите и со тоа ДПМНЕ го покажаа уште еднаш своето лицемерие и негрижа за граѓаните, велат од СДСМ.

Текстот СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top