ВМРО-ДПМНЕ свесно го носи народот во опасност, провоцира и подгрева тензии во Вевчани, велат од СДСМ.
„Јавноста денеска уште еднаш беше сведок на неодговорно, незрело однесување на ВМРО-ДПМНЕ кое провоцира, подгрева тензии и делува опасно по јавното здравје. Група активисти, предводени од претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани започнале провокации кон припадниците на МВР, кои интервенирале при прекршувањата на мерките за заштита на здравјето“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани намерно предизвикал инцидент, а, како што велат од партијата, преку порталите под контрола на белиот дворец се обидувал да ја подгрева јавноста преку тенденциозни и несоодветни споредби со настаните од 1987 година.
„Уште еднаш на дело се покажа неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ и очајната состојба во која се наоаѓаат. Свесно ги носеа жителите на Вевчани во опасност, провоцирајќи и поттикнувајќи поделби меѓу граѓаните. Не проаѓа тоа. Апелираме до сите граѓани, да останат смирени, да не подлегнуваат на провокациите од белиот дворец и да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот“, велат од СДСМ.