СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со измислици сака да го прикрие неработењето на Арсовска

пред 2 години

Во обид да ги прикријат неспособноста и неработењето на Данела Арсовска, од ВМРО-ДПМНЕ секој ден измислуваат наводни афери, велат од СДСМ како реакцијана денешната прес-конференција на Марија Митева која кажа дека Љубица Јанчева и Петре Шилегов во кафеана направиле сметка од 91.560 денари.

Од партијата посочуваат дека Данела Арсовска е најслабата градоначлничка на Скопје досега.

„За првите денови нема ниту еден реализан проект. Единствено што правеше е нивелирање шахта и поништување проекти од интерес на скопјани. Во време на криза Арсовска и градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ги заборавија граѓаните и ги игнорираа нивните барања“, се наведува во партиската реакција во која се додава дека ВМРО-ДПМНЕ со ништо не може да ја сокрие неспособноста и неработењето на своите градоначалници.

Share
Scroll to Top