СДСМ: Втор ден ВМРО-ДПМНЕ молчи каде е политичкиот пироман Мицкоски, дали е во Црна Гора?

пред 3 години

Втор ден ВМРО-ДПМНЕ молчи каде е политичкиот пироман Христијан Мицкоски. Дали Мицкоски е во Црна Гора?, прашуваат од владејачката СДСМ.

„Пожарникари, полицајци, доброволци, војници, граѓани, сите солидарно се вклучени во гасањето на пожарите само Мицкоски седи на страна и ги омаловажува напорите на сите кои учесвуват во гасањето на пожарите“, пишува во соопштението од СДСМ.

Од таму потенцираат дека системот функционира покрај сите предизвици.

Сите надлежни институции, како на централно, така и на локално ниво, според проценките на СДСМ, се активни за справување со пожарите.

„А некрофилните и пиромански политики на Мицкоски ќе бидат казнети од граѓаните повторно“, стои во соопштението од владејачката партија.

Share
Scroll to Top