„Владата предводена од СДСМ продолжува да инвестира во човечкиот капитал и да го вреднува трудот и напорите на здравствените работници.7.600 вработени во здравствените установи кои со месеци се во првите борбени линии против Ковид-19 и пожртвувано помагаат и работат со заболените од коронавирусот, ќе добијат еднократна награда во висина од 30.000 денари“, соопшти СДСМ.
Според партијата, нивната посветеност, макотрпна работа борејќи се да спасат човечки живот се вредна за секоја пофалба и благодарност, но и за заслужена конкретна финансиска поддршка.
„Согласно Програмата, платите на здравствените работници ќе подолжат да растат по 10 отсто секоја година или вкупно 40 отсто до крајот на мандатот. Инвестициите во здравствениот сектор, инвестициите во човечкиот потенцијал се клучни за унпаредување на квалитетот на здравствените услуги за сите граѓани.За СДСМ како одговорна партија, поддршката на здравствените работници, вложувањето во човечкиот капитал и вреднувањето на трудот на секојдневните борци и херои кои се борат против Ковид-19 и натаму останува приоритет“, се додава во соопштението.