СДСМ го поддржува протестот на работниците: 1 Мај – ден на борба, а не на празник!

СДСМ го поддржува протестот на работниците: 1 Мај – ден на борба, а не на празник!

пред 2 часа

„Денеска е 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, на работниците. Наместо да го слават со одмор и честитки, работниците во Македонија се принудени да излезат на протест. Нема зголемување на платите, Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра. Цената на нафтата скокна, инфлацијата е на врата, а поскапувањата на основните производи се неизбежни“, велат од СДСМ.

„Само во последните месеци цената на основната синдикална кошничка се зголеми за 3.500 денари, работниците се со празни фрижидери и празни џебови.

Владата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ не презема ниту една мерка за заштита на животниот стандард на работниците и граѓаните. СДСМ целосно го поддржува протестот на Синдикатот и ја поддржува праведната борба на работниците за корка леб, за достоинствена плата и човечки услови за живот.

Оваа влада не ги брани работниците, таа ги штити само своите тендери, своите профити и своите партиски бизнис интереси.

Додека работниците се борат за преживување, Мицкоски и неговата тендер-коалиција се грижат само за своите џебови. 1. Мај нека биде ден на борба за правдина, а не ден на молчење пред неправдата. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, соопшти СДСМ

Текстот СДСМ го поддржува протестот на работниците: 1 Мај – ден на борба, а не на празник! е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top