Најавата дека премиерот Мицкоски од здравствени причини го има откажано учеството на македонско-српскиот бизнис форум што ќе се одржи во Скопје отвора и едно клучно прашање, велат од СДСМ.
„Дали поради случувањата во Србија, Мицкоски или така наречниот Мали Вучко бега од своите бизнис партнери?
Во исто време, денеска беше потпишан и некаков меморандум за соработка со Србија а не се соопшти конкретно за што се однесува.
Дали можеби е меморандум за неиспорачувањеЕ“.
Во последно време, додават од опозициската партија, „се случува една коинциденција на слошувања, и во Србија и во Македонија“.
Ова, како што истакнуваат, се прашањата на кои Мицкоски треба да одговори.
Текстот СДСМ: Дали поради случувањата во Србија, Мицко или Мали Вучко бега од своите бизнис партнери е превземен од МАКФАКС.





