СДСМ: ДКСК да ги истражи сомнителните договори на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

пред 3 години

Целата јавност виде како Орце Ѓорѓиевски во време на економска и енергетска криза, парите од општината ги троши расипнички,обвинија од СДСМ.

„ 100.000 евра ќе потроши Ѓорѓиевски за исплата на хонорари преку авторски договори на негови блиски лица, роднини, сопартијци и медиумски гласници на ВМРО-ДПМНЕ. За ова расипничко трошење на парите на граѓаните од страна на Ѓорѓиевски истрага треба да поднесе Државната комисија за спречување на корупцијата“ велат од партијата на власт.

Оттаму бараат Државната комисија за спречување на корупција да постапи по допрен глас и да утврди дали преку овие договори е прекршен законот, дали има злоупотреба на службената положба и непотизам.

„ Ѓорѓиевски исто како и сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ наместо за граѓаните, општинскиот буџет го крчми на непродуктивни трошоци, на вдомување партиски кадри. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ секојдневно покажуваат дека во опозициската партија ништо не се менува, дека тие немаат намера да работат за интересите на граѓаните, туку исклучиво за личните и партиските интереси“ се додава во соопштението на СДСМ.

Share
Scroll to Top