СДСМ: Ефикасноста во реализација на антикризните мерки доведе до пониски цени на горивата

пред 3 години

Пакетот на владата предводена од СДСМ од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра веднаш почна да дава ефекти, велат од владејачката партија.

Како резултат на мерката за намалување на ДДВ и акцизата намалени се малопродажните цени на горивата, велат од СДСМ.

„Со ефикасност во реализацијата на антикризните мерки цената на бензинот се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.

СДСМ како одговорна партија во време на глобална економска и енергетска криза продолжува со реализација на мерки и политики што го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат одржување на економска стабилност“, се наведува во партиското соопштение.

Share
Scroll to Top