СДСМ: Изолација со Силјановска и ДПМНЕ или европска иднина со  Пендаровски, тоа е изборот

СДСМ: Изолација со Силјановска и ДПМНЕ или европска иднина со Пендаровски, тоа е изборот

пред 2 месеци

Изборот пред граѓаните на претстојните претседателски избори е европска иднина со СДСМ и Пендаровски или враќање назад во изолација со Силјановска и ДПМНЕ, истакнуваат од СДСМ.

„Понудата на ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштинска промена за подобро утре.

Само со Пендаровски и СДСМ е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина – членство во ЕУ, поголеми плати и пензии, економски раст, европски вредности и стандарди“, се додава во нивниот допис.

Затоа на претстојните избори граѓаните, како што оценуваат, ќе дадат силна поддршка за Пендаровски.

„Граѓаните ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа“, велат од СДСМ.

Текстот СДСМ: Изолација со Силјановска и ДПМНЕ или европска иднина со Пендаровски, тоа е изборот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top