СДСМ: Изјавите дека пратеник бил киднапиран се покажа дека се чиста невистина

пред 3 години

Се потврди она што го говоревме, изјавите дека пратеник бил киднапиран беа несериозни, неодговорни односно чиста невистина, велат од СДСМ откако пратеникот Кастриот Реџепи на денешната прес-конференција кажа дека самоволно се засолнил на денот на гласањето во Собранието.

Од таму додаваат дека добра вест е што, како што велат, лагите на Мицкоски и Апасиев и нивните обиди да ја закочат земјата не проаѓаат во Собранието.

„Ја поздравуваме најавата на господинот Кастриот Реџепи, мнозинството пратеници се за напредок, за задржување на вистинскиот пат, за продолжување на европските интеграции, за добри односи со соседите и стабилни меѓуетнички односи, за економска сигурност“, се наведува во париската реакција во која се посочува и дека СДСМ е отворена за соработка со сите демократски сили и пратеници.

Share
Scroll to Top