СДСМ и ДУИ го блокираат и девалвираат Собранието, обвинува опозицијата

пред 3 години

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и ДУИ го блокираат Собранието.

Според ВМРО-ДПМНЕ, опозициските партии го претвориле законодавниот дом во партиска алатка за нивните интереси.

„СДСМ и ДУИ кршат деловнички и уставни норми кога ќе им текне и после со манипулативни соопштенија обвинуваат други. Седум месеци нема пратенички прашања, што значи дека СДСМ и ДУИ ја суспендираа клучната собраниска алатка за контрола на Владата. Дополнително СДСМ и ДУИ блокираат донесување на Декларација за Гоце Делчев во годината кога се одбележува јубилејот 150 години од неговото раѓање. СДСМ и ДУИ исто така се обидуваат шверцерски да протуркаат измена на закон за наставници со кој се овозможува партизација на образованието преку вработување на наставници на неопределено време, без приправнички стаж. Да не зборуваме огромниот број злоупотреби на европското знаменце за закони кои немаат никаква врска со европската регулатива“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Се додава дека вчера на четири минути пред почетокот на пленарната седница, владејачките партии вметнале точка за разрешување на пратеник од позицијата член на Комисијата за избори и менувања, само затоа што не им е дел од коалицијата. Патем, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, ова го направиле прекршувајќи деловнички и уставни норми и без предлог одлука на Комисијата за избори и именување.

 

Share
Scroll to Top