СДСМ: Ковачевски има и легимититет и мнозинство во Собранието за преговори со Бугарија

пред 2 години

Владејачката партија СДСМ, преку соопштение реагираше на изјавите кажани на прес-конференцијата на Марија Митева,портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

“Ковачевски и новата Влада не само што имаат легитимитет, туку имаат проширено и стабилно мнозинство во Собранието
Очигледно ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту Мицкоски не се добро запознаени со уставот и законите во земјава. Новата Влада не само што има легитимитет, туку има проширено и стабилно мнозинство во Собранието”,се вели во соопштениетто на СДСМ.

Оттаму додаваат дека Владата има полн легитимитет да ги носи сите одлуки и да ја спроведува владината програма во интерес на граѓаните и државата.

Празните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ се само недостаток на други аргументи, недостаток на политики, предлози, идеји од опозициската партија во која ништо не се променило, се вели во соопштението.

Share
Scroll to Top