СДСМ: Лагите на ВМРО-ДПМНЕ се поразени, сега треба да понесат одговорност

пред 3 години

Срам е да го лажеш народот дека имаш мнозинство, а во исто време да се покаже дека немаш, велат од СДСМ во врска со денешните случувања во македонското Собрание.

„Срам е да излезеш со тешко лажно обвинување, да лажеш дека е киднапиран пратеник, во исто време кога пратеникот изјавува дека е под закана од поединци токму од опозицијата. Таа вистина сигурни сме дека ќе се потврди овие денови“, стои во партиската реакција.

Според СДСМ, Хритијан Мицкоски, Зијадин Села и Билал Касами, треба да излезат пред граѓаните, да им се извинат и да понесат одговорност.

„Срам е да седиш на иста маса со оние кои се против НАТО и ЕУ, против концептот едно општество, против правдата, а во исто време друг да ти биде виновен за твојот неуспех“, порачуваат од партијата и ги повикуваат граѓаните да бидат спокојни бидејќи, како што велат, демократските сили ќе обезбедат стабилност и продолжување на напредокот.

Share
Scroll to Top