СДСМ: Лефков да праша дали Мицкоски му се јавил на убиецот да се предаде?

пред 2 години

По искривената логика на ВМРО-ДПМНЕ дека едно од лицата осомничени за убиството било пронајдено поради притисокот на јавноста, тогаш може Миле Лефков треба да постави прашање дали Христијан Мицкоски му се јавил на убиецот и го натерал да се предаде, велат од СДСМ како реакција на изјавата на пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Особено што во јавноста и низ медиумите се појавија фотографии каде осомниченото лице и Мицкоски се фотографирани во срдечна и пријателска атмосфера“, додаваат од СДСМ и порачуваат дека времето кога убијци и сторители на кривични дела биле заштитени од политички партии е одамна поминато.

„Полицијата, обвинителството, денес постапуваат независно, професионално и неселективно во борбата против секаков вид на криминал. Денес никој не е над законите, се постапува и санкционира секое кривично дело без разлика кој го сторил истото“, стои во партиската реакција.

Share
Scroll to Top