СДСМ: Мицкоски во Кисела Вода „открива“ проекти финансирани од унгарскиот кредит – а парите исчезнаа

СДСМ: Мицкоски во Кисела Вода „открива“ проекти финансирани од унгарскиот кредит – а парите исчезнаа

пред 6 часа

„Христијан Мицкоски денес во Кисела Вода ќе врши увид во проекти кои, според него, се финансирани од унгарскиот кредит. Класичен потег: кога парите од Орбановиот заем, т.н. унгарски кредит и кинеските средства исчезнаа во магла, а јавноста почна да прашува каде завршија една милијарда евра, тогаш одеднаш се појавуваат „проекти“ кои наводно се финансирани со тие пари“, велат од СДСМ.

„Ова е постхумна легитимација на сомнителна зделка. Унгарскиот кредит од 1 милијарда евра е една од најсомнителните финансиски конструкции во последните години. Услови со провизии кои се поволни за некого, но не и за државата. Кинески пари во НАТО земја.

А сега, кога треба да се покаже нешто конкретно, се прави обиколка по општини и се лепат етикети „финансирано од унгарскиот кредит“ кои се со буџетски пари, односно пари на граѓаните.

Мицкоски и неговата Организирана криминална група имаат еден проблем: парите ќе бидат предмет на ревизија и истрага. Сега нека прават турнеи и снимки за да создадат впечаток дека нешто се гради.

Недостасуваат само руски изведувачи и српски надзор – тогаш би се заокружил целиот круг на странски интереси во Македонија.

Граѓаните сакаат да знаат каде точно отидоа една милијарда евра и зошто Македонија се задолжи кај Орбан и Кина, додека имаше подобро услови на пазарот. Ова е маскирање на криминал и домашна пропаганда за пласирање нови лаги. Мицкоски на власт дојде со лаги, сега владее со лаги“, соопшти СДСМ.

Текстот СДСМ: Мицкоски во Кисела Вода „открива“ проекти финансирани од унгарскиот кредит – а парите исчезнаа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top