СДСМ: Мицкоски ги поткопува македонските позиции во однос на Бугарија

пред 2 години

Христијан Мицкоски прави штета, ги поткопува македонските позиции во однос на Бугарија и ја руши државната стратегија, обвинуваат од СДСМ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Од таму велат дека ставовите на Бугарија влегле во Резолуција на Европската народна партија (ЕПП) на Конгрес на кој присуствувал лично и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Лажниот патриот Мицкоски ги поддржа позициите, кои се директна поткрепа на ставовите на Бугарија, а потоа се криеше од граѓаните.

Тие ставови се сосема спротивни на Резолуцијата усвоена во Собранието, со која се дефинирани македонските црвени линиии“, посочуваат од владејачката партија од каде порачуваат дека деструкциите и блокадите на Христијан Мицкоски одново ќе бидат поразени.

Share
Scroll to Top