СДСМ: Мицкоски да ги повика на одговорност сите обвинети од ВМРО – ДПМНЕ

пред 3 години

СДСМ го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да ги повика на одговорност сите обвинети од ВМРО – ДПМНЕ, поранешни и сегашни функционери

„Откако ги призна сите криминални злодела на ВМРО-ДПМНЕ предводена од неговите ментори Никола Груевски и Сашо Мијалков, Христијан Мицкоски да ги повика на соочување со одговорност сите во белиот дворец против кои се водат судски предмети. Цели три години Мицкоски е на браникот на криминалот, работи против правдата, против судска разрешница на предметите на СЈО во кои се и Груевски и Мијалков ама и Милошоски и Орце Камчев и многу други“, велат од партијата.

ВМРО – ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, додаваат од СДСМ, се симболот на криминалот, корупцијата и неправдата.

„Граѓаните ова многу добро го знаат. Како што и досега не успеа во својата намера, нема да успеат ниту овој пат, одговорност ќе има за сите до еден“, велат од СДСМ.

Share
Scroll to Top