Христијан Мицкоски во време кога државата како и целиот континент се соочува со економска и енергетска криза, наместо да понуди конструктивност, најавува нови засилени блокади. Очигледно е дека Мицкоски дејствува по наредба на неговиот шеф во Будимпешта, Никола Груевски, како што е очигледно дека ваквото засилено деструктивно однесување доаѓа само десеттина денови по објавената Црна листа на САД каде се најде и Груевски, се вели во соопштението од СДСМ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Од партијата додаваат дека Седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ закажана за вечерва е обична фарса. Одлуката е веќе донесена, нарачана е од Груевски, а Мицкоски со своите соработници само ќе ја спроведе.