СДСМ: Мицкоски е навикнат да става сопки во клучни моменти за напредокот на државата

пред 3 години

Секогаш, во сите клучни моменти за европската иднина, Христијан Мицкоски излегува во јавноста и се обидува да ги поткопува државните позиции, велат од СДСМ како реакција на денешната вонредна прес-конференција на лидерот на опозициската партија.

Во неа се нагласува дека за јазикот и за идентитетот не се преговара, ниту може да се преговара бидејќи, како што се вели, тие веќе се потврдени и признаени.

„Одамна се прочитани намерите на Мицкоски, тој е против ЕУ, против НАТО, против се што е во интерес на државата.
Целото дејствување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е ставање сопки во клучни моменти и обиди за кочење на напредокот, на државата“, велат од СДСМ од каде додаваат дека Мицкоски нема чувство за тоа што е државен или национален интерес.

Share
Scroll to Top