Освен по деструкциите, Христијан Мицкоски е познат по ширењето лажни вести, реагираат од СДСМ по изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за следните чекори по собраниските блокади.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Вистината е дека токму Мицкоски е тој кој оди по амбасади, плаче и цимоли да се одмрзне имотот на неговата криминална партија, замрзнат во судскиот предмет „Талир“ но и да бара ослободување на неговите партиски соработници од судските обвиненија и пресуди. Мицкоски е очаен што не успеваат неговите блокади на Собранието, очаен е што неговите градоначалници се прочитани од граѓаните а истовремено е исплашен за сопствената фотелја во белиот дворец“, е посочено во соопштението од страна на СДСМ.
Одговорност ќе има за сите, додаваат од оваа партија и дополнуваат дека Мицкоски нема да успее да ги одбрани, како што велат, неговите соработници, осудените криминалци од ВМРО-ДПМНЕ.