СДСМ: Мицкоски треба да знае дека во изминативе три години Северна Македонија само добива

пред 3 години

На денот кога на премиерот Зоран Заев уште еднаш меѓународно му се признаени успесите, кога добива награда од реномирана европска фондација, Мицкоски побрза да си прави сопствена промоција, велат од СДСМ како реакција на попладневното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако Мицкоски не знае, добро е да дознае дека Северна Македонија во овие три години само добива – добивме слобода, добивме пријател со Грција, добивме членство во НАТО и Влада која што ги почитува сите заедници, добивме обезбеден јазик и идентитет признаени од целиот свет“, се посочува во партиското соопштение.

Во него се додава дека Мицкоски не само што нема ништо направено за европската иднина, туку ќе остане запаметен дека бил на спротивната страна.

„Тој очајно се обидуваше да ја врати држава назад во темното минато и затоа е сам, изолиран во сопствената антидржавна матрица“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Share
Scroll to Top