Од владејачкиот СДСМ оценуваат дека над 16.000 матуранти се во неизвесност заради политичката агенда на раководството на СОНК.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Од нив, како што потенцираат од оваа партија, околу 10 отсто или околу 1.600 не го поминале првиот дел од државната матура и не можат да полагаат испити во јуни. Според СДСМ, загрозени се и уписите на оние матуранти кои своето школување планираат да го продолжат во странство и сето тоа само заради уценувачкиот однос на раководството на СОНК.
„Раководството на СОНК одби ново предложено зголемување на платите во образованието и детската заштита за 12 отсто и тоа во време на светска економска и енергетска криза. СДСМ во образованието во изминатите 3 години во три наврати ги зголеми платите на наставниците за над 21 отсто, додека ВМРО-ДПМНЕ за 11 години ги покачи за само 4 отсто. Уцените и политичкото делување на раководството на СОНК се на штета на учениците и наставниот процес. Учениците мора да се вратат на наставата која толку им е потребна“, се додава во соопштението на СДСМ.
Правото на образование на децата, како што појаснуваат од оваа партија е уставно загарантирано и не смее да се дозволи заради политичка агенда да им се загрозува.




