СДСМ: Нов ценовен шок за граѓаните, дизелот од утре ќе биде рекордни 101 денари, а власта не носи мерки

СДСМ: Нов ценовен шок за граѓаните, дизелот од утре ќе биде рекордни 101 денари, а власта не носи мерки

пред 2 часа

Нов ценовен шок за граѓаните, од утре за шест денари поскапува дизелот и ќе изнесува рекордни 101 денар за литар. Ова поскапување е директен удар врз ионака осиромашените семејните буџети на граѓаните, оценуваат од СДСМ.

Поскапувањето на дизелот, како што потенцираат, значи поскап транспорт, поскапо производство и на крајот – поскапа храна.

Предупредуваат дека цените на храната веќе се до плафон.

„Потрошувачката кошничка достигна речиси 90.000 денари со кирија, а платите стагнираат.

Половина од семејниот буџет на македонските граѓани оди за храна и пијалаци. Овој ценовен бран затоа ќе биде уште потежок

Инфацијата од 2,6% што денеска ја измери статистика, за граѓаните не значи поевтин живот.

Цените веќе пораснаа.

СДСМ постојано ја повикуваше власта да преземе мерки и предупредуваше дека еднаш зголемените цени, потоа нема да се вратат назад.

Тоа и се случи – Цените не се вратија назад.

За само две години општото ниво на цените е зголемено за 7 %.

Куповната моќ на граѓаните е трајно намалена“.

Според опозициската партија, на граѓаните не им требаат статистиките и процентите од Мицкоски.

Нивната статистика, како што велат, е празниот фрижидер и паричник.

„Додека Мицкоски се фали со економски бројки, со некаква трета економија, граѓаните плаќаат поскапа храна, поскапи сметки и повисоки трошоци за живот.

Мицкоски и неговата Влада, наместо мерки за граѓаните, трупаат нови долгови, врз грбот на граѓаните.

За само две години создадоа нов долг од околу 4 милијарди. Јавниот долг се движи кон 12 милијарди евра или над 65 % од БДП. Ова не се пари за мерки за граѓаните, ова се пари за криминалните партиски тендери на Мицкоски и неговата ВМРО -ОКГ“.

Текстот СДСМ: Нов ценовен шок за граѓаните, дизелот од утре ќе биде рекордни 101 денари, а власта не носи мерки е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top