СДСМ: Огромен е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од Димитар Ковачевски

пред 2 години

Огромен е стравот во опозициската ВМРО-ДПМНЕ од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, велат од паријата на власт како реакција на обвинувањата дека Димитар Ковачевски лажно се претставува како дипломец на Харвард.

„Пропадна обидот на пропагандата на заевизмот да го прикаже пиунот Димитар Ковачевски како дипломец на Харвард. Вистината е дека пиунот Ковачевски е обичен курсаџија. Има скапо платен тридневен курс“, посочија претходно од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ пак велат дека опозициската партија секојдневно конструира измислици и шири лажни вести за неосновано да го напаѓа Ковачевски.

„На сите објавени биографии и резимеа на претседателот, достапни за целата јавност на интернет, јасно пишува каде студирал, магистрирал и докторирал. Лажните вести се обид за дискредитација на Ковачевски, со што на виделина го покажуваат стравот кој владее во нивните редови“, посочуваат од СДСМ.

Share
Scroll to Top