СДСМ прашува: Каде завршиле 1,6 милиони евра од „криминални тендери“

пред 3 години

Владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија прашува каде завршиле 1,6 милиони евра од аферата „криминални тендери“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Дали можеби со  нив е финансирана кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори или бил спроведен поткуп. Дали се прикривале трагите за испумпување на пари од ЕВН, како што Груевски правеше со плацевите на Водно? Очекуваме истрагата да ги даде одговорите на сите овие прашања“, рече пратеничката од СДСМ, Даниела Николова на прес-конференција.

 

Истакна дека информациите објавени во медиумите отвораат сериозни прашања за кои јавноста со право очекува одговори од првиот човек на оваа партија, Христијан Мицкоски.

„Неспорен факт е дека речиси сите осомничени и обвинети во аферата „Криминални парцели“ имаат поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Осомничениот Влатко Илиевски бил телохранител на Христијан Мицкоски и се појавува како донатор на ВМРО ДПМНЕ. Орце Тодоровски, е негов близок човек, партнер во бизнисот со хидроцентралите. Една од неговите донации изнесува 1 милион денари или околу 16.000 евра. Осомничениот Дарко Тодоровски бил поранешен советник во ВМРО-ДПМНЕ и се јавува како донатор на партијата. Еден од донаторите кој е и осомничен во оваа афера е Мирослав Митрески, син на екс градоначалник од ВМРОДПМНЕ. Осомничениот Игор Гиевски е поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Николова.

Имено, како што рече, последните објавени информации покажуваат дека дел од осомничените во аферата „Криминални парцели“ се донатори на ВМРО-ДПМНЕ, како и на кампањата на градоначалничката Данела Арсовска.

Share
Scroll to Top