СДСМ со лански извештај за водата во велешко село создава паника кај граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ со лански извештај за водата во велешко село создава паника кај граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ

пред 4 часа

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека шири лаги и манипулации за состојбата со водоснабдувањето во Велес, тврдејќи дека партијата објавила стар извештај кој не се однесува на градскиот водовод.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека извештајот што го објавила опозициската партија е од февруари 2025 година и се однесува на село Сливник во Општина Велес, кое не е поврзано со градскиот водовод.

Од владејачката партија оценуваат дека со ваквите, како што велат, информации СДСМ создава паника и вознемиреност кај граѓаните со цел да оствари политички поени.

Во соопштението ВМРО-ДПМНЕ наведува и дека намерното ширење паника и хистерија може да биде основ за кривична одговорност, обвинувајќи ја СДСМ дека поради, како што тврдат, падот на рејтингот, прибегнува кон манипулации.

Текстот СДСМ со лански извештај за водата во велешко село создава паника кај граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top