СДСМ: Со рушењето на галијата се чистат остатоците од ѓубрето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

пред 3 години

Рушењето на Галијата изведено согласно сите правни услови е чистење на остатоците од ѓубрето на ВМРО-ДПМНЕ што зад себе го остави во главниот град по 27 години владеење, пишува во соопштението од владејачката СДСМ.

Од ова партија посочуваат, дека како што наближуваат изборите, во ВМРО-ДПМНЕ, како што велат, се се понервозни.

„Знаат дека се се поблиску до нов изборен пораз па затоа секојдневно ги засилуваат лажните вести, конструкциите и празните закани кон градоначалникот Петре Шилегов. ВМРО-ДПМНЕ го запусти Скопје трошејќи стотици милиони евра на барок, гипс фасади, галии, споменици и палми додека цели населби беа без основни услови за живот“, реагираат од СДСМ.

Додаваат дека денес во Град Скопје се инвестира рамномерно, се следат и реализираат потребите и барањата на граѓаните.

Share
Scroll to Top