СДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси – реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови

СДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси – реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови

пред 4 часа

Тендер коалицијата на Христијан Мицкоски се распаѓа пред очите на граѓаните. Наместо Влада којашто работи за интересот на граѓаните гледаме отворена тепачка за фотелји, позиции и бизниси, која се заканува да премине во вистинска војна меѓу криминалните кланови, велат од СДСМ.

„ЗНАМ, партијата која беше создадена и финансирана од Мицкоски, повеќе не постои. Преостанати се само двајца – Максим Димитриевски и Горан Минчев, кои сега се во директна борба за влијанија. Димитриевски има свој човек и го сака Министерството за земјоделство а од друга страна Минчев не го сака Министерство за земјоделство, бидејќи знае дека таму парите се скратени а земјоделците се крајно незадоволни. Филков сака да остане на позицијата министер за правда, за да може да ја контролира правдата, да ги спречува истрагите и да ги спроведува планираните тендери. Стравот од одговорност и од идни истраги е оној што го тера да се држи до Министерството за правда по секоја цена. Мицкоски, во меѓувреме, бара изговор за предвремени парламентарни избори“, велат од СДСМ.

Според партијата, Буџетот е празен, а можностите за ново задолжување се исцрпуваат.

„Не може да си дозволи да не ги исплати пензиите. Затоа ќе се обиде да се задолжи до максимум, а кога повеќе нема да може – ќе побара излез преку избори. Досега не успеа да добие алиби од опозицијата. Сега се обидува да го добие од некој од своите сателити, но и тие знаат дека таков потег ќе ги етикетира како соучесници во политичка манипулација. Ова е слика на една организирана криминална група која се распаѓа одвнатре. Кога нема резултати, кога нема пари, а стравот од истраги расте – тогаш започнува тепачка за фотелји и за контрола над институциите кои можат да ги заштитат од одговорност. Ова не е борба за подобра Влада. Ова е борба за опстанок на криминална структура која се распаѓа. Време е за вистина и правда. Време е граѓаните да ја вратат власта во свои раце“, велат од СДСМ.

Текстот СДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси – реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top