СДСМ: 12% поголеми плати во образованието, СДСМ продолжува со покачување на платите

пред 3 години

СДСМ продолжува со политиката на покачување на платите и вреднувањето на трудот на работниците, но само преку дијалог меѓу засегнатите чинители, велат од партијата на власт.

Потврда дека само преку социјален дијалог може да се дојде до решение, како што додаваат од СДСМ, е постигнатата согласност меѓу Владата и СОНК за зголемување на платите во градинките, основното и средното образование, за 12 отсто.

„Покачувањето согласно ова усогласување треба да се реализира, со ребалансот на буџетот. За жал, штета поради штрајкот на СОНК претпреа учениците, губејќи две недели настава, и дополнително ќе се утврди како соодветно да се надомести. СДСМ секогаш била и ќе биде на страната на работниците и во изминатиот период ги покачи платите во образованието за 21 отсто“, потенцираат од оваа партија.

Додаваат дека како одговорна партија ќе продолжат посветено да работат на подобрување на животниот стандард дури и во услови на најголема економска криза.

Share
Scroll to Top