Ребалансот на буџетот ќе се најде за многу скоро пред пратениците, јас не очекувам дека ќе биде блокиран, напротив ние како владејачко мнозинство сме подготвени да ги искористиме сите алатки и сите можности коишто ги дава Деловникот со цел да го донесеме и ребалансот и останатите закони, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Тој нагласи дека во вакви услови кога државата се соочува со енергетска и економска криза, важно е да се носат суштински реформски закони, да се донесе и ребалансот и сето она што е во насока за подобар стандард на граѓаните.
„Очекувам дека ќе надвладее разумот и кај останатите пратеници коишто доаѓаат од опозицијата, впрочем ние секојдневно во ходниците на Собранието слушаме голем број на пратеници кои доаѓаат од редовите на опозицијата, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, дека ова што се прави не е добро и дека треба да се заврши, да се донесат одлуките и да се помогне на граѓаните“, рече Кевски во однос на активната блокада на опозициската партија.